Талибанците убија најмалку седум полицајци во Авганистан

Најмалку седум полицајци се убиени во напади на Талибанците во јужниот и западниот дел на Авганистан. Официјалните лица изјавија дека напаќачите таргетирале полициски пункт во Маиванд во јужната провинција Кандахар, каде се убиени најмалку четворица полицајци. Во западната провинција Херат напаѓачите убиле најмалку 3 полицајци. Талибанците ја презедоа одговорноста за двата напади. Тие во последните месеци ги засилија нападите врз безбедносните служби на Авганистан.