Обама: не треба да се врши притисок врз Грција

Грчката економија не може брзо да заздрави доколку меѓународните кредиторине прифатат отстапки за прашањето за долгот на Атина, изјави американскиот претседател Барак Обама во интервју за телевизијата Си Ен Ен.„ Не може да продолжи притисок врз земја чија економија е во состојба на депресија. Порано или подоцна неопходно ќе биде да се предложи стратегија за економски раст, така што земјата да може да почне да го исплаќа својот долг, за да го намали дефицитот“, рече Обама. Според него, грчката економија „има очајна потреба“ од реформа, но во услови на криза тешко е да се реализираат радикални промени. Тој изрази надеж дека Грција на крајот ќе успее да се договори со кредиторите и да остане во еврозоната.