Шефот на руската дипломатија Лавров во Пекинг

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска е во Пекинг на разговори со шефовите на дипломатиите на Кина и на Индија Ванг Ји и Сушма Свараџ. Руското министерство за надворешни работи соопшти дека главна тема на разговорите е безбедноста во светот, вклучувајќи ја ситуацијата во Сирија, како и во Украина. Ќе стане збор и за напорите на Индија да стане дел од Шангајската организација за соработка.