Горан Милевски е нов лидер на ЛДП

Горан Милевски, претседател на Либерално-демократската партија.

Либерално-демократската партија денеска на шестото собрание го избра Горан Милевски за нов претседател на партијата. Тој смета дека власта на Груевски продолжува да владее се поавторитарно со методи на заплашување и апсење на политичките противници и другите неистомисленици. Досегашниот претседател Андреј Жерновски вели дека режимот мора да падне и во таа насока има сериозни прегрупирања и внатре во ВМРО-ДПМНЕ и во власта кои се против Груевски.