Папата Франциск во јуни во посета на Сараево

Папата Франциск денеска најави дека во јуни ќе го посети Сараево, со цел да се заложи за братство и мир во Босна и Херцеговина.

Поглаварот на Римокатоличката црква посетата на Сараево на 6 јуни ја најави денеска за време на обраќањето пред десетиците илјадници верници на неделната молитва на плоштадот Свети Петар во Ватикан.