Продолжуваат борбите во источна Украина

Илустрација.

Украина соопшти дека 13 нивни војници загинале во источна Украина во изминативе 24 часа. Во судирите со проруските сепаратисти биле ранети 20 војници, соопшти армијата. Во борбите во регионите на Луганс и на Доњецк загинале и шестмина цивили.

Вчерашните мировни разговори во Минск за окончување на борбите во источна Украина завршија без напредок. Во разговорите учествуваат претставници на Русија, Украина, ОБСЕ и на проруските бунтовници. Министерот за надворешни работи на Србија, која е претседавач со ОБСЕ, соопшти дека претставниците на сепаратистите ги блокирале преговорите. Претставник на бунтовниците изјави дека тие ги отфрлаат ултиматумите и ја обвини Украина за блокирање на мировниот процес.

Во конфликтот од април минатата година загинале повеќе од 5100 луѓе.