Најмалку 1.375 загинати во Ирак во јануари годинава

Најмалку 1.375 луѓе загинале во Ирак во јануари во борби или во друг вид на насилство, соопштуваат Обединетите нации. Мисијата на ОН за помош во Ирак (УНАМИ) денеска соопшти дека изминатиот месец загинале 790 цивили и 585 припадници на ирачката армија кои се борат против милитантите на Исламската држава кои зазедоа голем дел од земјата минатата година. Во соопштението се наведува дека најмалку 1.469 цивили и 771 припадници на безбедносните сили се повредени минатиот месец.

Најпогоден беше главен град Багдад, при што загинале 256 цивили.

Според Мисијата на ОН, 2014 е најкрвавата година во Ирак по периодот 2006-2007 година. Минатата година во земјата загинале вкупно 12.282 луѓе.