Заев - Ова е почеток на враќање на слободата и демократијата во Македонија

Лидерот на СДСМ Зоран Заев пред коодинативната средба на партијата кусо порача граѓаните да се охрабрат и да се радуваат, оти, како што вели, ова е почеток на враќање на слободата и демократијата во Македонија.

„Ги повикувам сите граѓани, без разлика на нивната национална и верска определба, да се приклучат, во рамките на Уставот и законот, да си го вратиме владеењето на Уставот наш, на законот наш, да си ја вратиме Mакедонија. Да бидеме слободни граѓани, да имаме посветла иднина за сите нас“, рече Заев. Тој најави поширока изјава после средбата во седиштето на СДСМ.