Јерун Дејселблум: Грција да не ги игнорира спогдбите со европските партнери

Шефот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум, денеска упати предупредување кон новата грчка левичарска Влада на премиерот Алексис Ципрас, заради непочитување на спогодбите меѓу Атина и нејзините европски партнери, пренесуваат француските медиуми. По средбата со новиот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис, Дејселблум посочил дека игнорирањето на спогодбите не е добар пат по кој земјата треба да тргне. Грчкиот министер, пак, повторил дека Грција сака да води дијалог со Европа, но не и со нестабилната комисија на тројката.