Времето денеска: облачно и ветровито

Во Македонија во претпладневните часови ќе биде умерено облачно, а во пладневните часови почнувајќи од запад облачноста ќе се зголемува. Ќе дува засилен, повремено и силен ветер од јужен правец со удари кои ќе достигнуваат и над 80 километри на час. Попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и во јужните делови каде што се очекува да наврнат и над 40 литри дожд на квадратен метар. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од осум до 12 степени. Во Скопје ќе се задржи променливо облачно време со засилен југоисточен ветер. Попладне и во ноќните часови ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат и пообилни. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до девет степени.