Кремљ ги осуди плановите на Варшава

Кремљ ја нападна Варшава во врска со нејзините планови во Полска да биде одбележана 70 годишнината од крајот на Втората светска војна во Европа. Рускиот претседател, Владимир Путин, на Денот на победата на 9 мај, ќе дочека странски гости во Москва за да го одбележи ослободувањето на европските народи од страна на црвената армија.

Но, полскиот претседател, Бронислав Комаровски, оваа недела рече дека поразот на нацистите, не донел слобода за сите народи во Европа, повикувајќи се на децениската повоена советска доминација врз Полска и врз другите соседни земји.