Русинка обвинета за предавство

Жена од Русија е затворена поради сомнение за предавство откако се јавила во украинската амбасада со информација за можни движења на руските трупи. Портпаролот на судот во Москва рече дека било наредено Светлана Давидова да биде задржана еден месец и 25 дена. 36 годишната мајка на седум деца, била приведена минатата недела во градот Вјазма, околу 240 километри од главниот град. Адвокатот од одбраната Андреј Стебенев, рече дека таа се јавила каде што не би требала да јави и кажала што не би треба да се каже.