Горбачов: Студената војна може да прерасне во вооружен конфликт

Поранешниот советски лидер, Михаил Горбачов, изјави дека се плаши дека судирот помеѓу Русија и Западот за Украина би можел да секалира во вооружен конфликт.

Руската новинска агенција Интерфакс го цитираше Горбачов како вели дека „САД не вовлекува во нова студена војна.“ додавајќи „За жал не можам со сигурност да кажам дека Студената војна нема да доведе до вооружен конфликт.“

Тој ги критикуваше САД за санкциите што ги наметнуваат кон Русија велејќи, „Дали тие целосно ги загубиле своите умови?“

Западот воведе санкции како одговор на руската анексија на Крим во март минатата година и нејзината поддршка на сепаратистите, кои се борат со владините сили на Украина во конфликтот во кој од април загинаа повеќе од 5100 луѓе.