Русија сака да го осуди обединувањето на Германија

Рускиот парламент ја разгледува можноста за издвање изјава во која ќе биде осудена „анексијата“ на Источна Германија од страна Западна Германија, пред 25 години.

Поранешниот советски претседател Михаил Горбачов, кој го отвори патот за обединување на двете германии, брзо ја осуди идејата како „бесмислица“.

Комунистичкиот пратеник, Николај Иванов, денеска донесе предлог во долниот дом на Русија, велејќи дека тоа ќе биде соодветен одговор на обвинувањата на Западот дека Русија нелегално го анектирала Крим во март минатата година.

Сојузникот на Кремљ во рускиот Парламент, Сергеј Наришкин, му наложи на Комитетот за меѓународни односи да ја разгледа можноста за издавање на таква изјава.

Преговорите помеѓу светските лидери, вклучително и Горбачов, резултираа со договор за обединување и официјално доделување на целосен суверенитет на Германија на 3 октомври 1990 година.