ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија до крајот на 2015 година

Според нацрт – изјавата на Европската унија, замрзнатите финансиски средства и забраните за патување наметнати кон десетици руски граѓани и субјекти, како и кон проруските сепаратисти во Украина, кои следеа по руската анексија на Крим, ќе бидат продолжени до крајот на 2015 година.

Во документот кој беше обелоденет во пресерет на утрешниот вонреден состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, се вели дека „со оглед на влошената ситуација во источна Украина, Советот на ЕУ се согласил да ги проголжи санкциите до декември. Во документот исто така се повикуваат претставниците на Унијата да изработат предлог во рок од една недела за ја дополнат листат за нови санкции кон Русија.