Милитантите на ИД именуваа лидер во Пакистан и Авганистан

Милитантната група Исламската држава соопшти дека го именувала поранешниот талибански командант за нејзин лидер во Пакистан и Авганистан.

Портпаролот на групата, Абу Мухамед ал – Аднани во аудио порака објавена на Твитер, вели дека Хазиф Саед Хан ќе ги води милитантите на Исламската држава во регионот.

Хан, наводно во неговите рани 40-ти години бил портпарол на организацијата на неколку милитантни групи „Терик – е Талибан Пакистан“. Автентичноста на аудио снимката не може да биде потврдена од независни извори.

Развојот на настаните дојде неколку недели откако неколку Талибанци од пшакистан му ветија верност на лидерот на Исламската држава, Абу Бакр ал – Багдади.