ЕПЛ со рекордна добивка

Американскиот технолошки гигант ЕПЛ пријави нето добивка од 18 милијарди долари во првиот квартал од фискалната година. Тоа е најголем квартален профит на една компанија на берзите досега. Најмногу за тоа придонесе продажбата на новите ајфон телефони кои се појавија во септември лани, како и пристапот на кинескиот пазар. Вкупните приходи на компанијата се над 74 милијарди долари, што е за 30 насто повеќе од пред една година. Акциите на ЕПЛ пораснаа за пет проценти.