Русија со економски „антикризен план“

Рускиот премиер Дмитри Медведев потпиша антикризен план со цел заздравување на економијата на земјата до 2017 година. До ова доаѓа во услови на санкции од Западот и намалените цени на нафтата и гасот што му нанесоа удар на буџетот и ја ослабеа руската економија. Според министерот за финансии Антон Силуанов, со антикризниот план се замрзнуваат владините трошоци и се воведуваат реформи со цел да се заузда невнимателното користење на државните резерви.