Кинескиот јуан, петта најкористена валута во светот

Кинеската валута, јуанот стана петта најупотребувана валута во глобалните плаќања. Во соопштението на Здружението за светска меѓубанкарска финансиска телекомуникација познато како СВИФТ се наведува дека јуанот во минатиот месец бил попопуларен од канадскиот и австралискиот долар. Пред јуанот се американскиот долар, еврото, британската фунта и јапонскиот јен.