ИД се заканува дека ќе убие заложници од Јапонија и Јордан

Исламистичка група која наводно припаѓа на Исламската држава, преку онлајн порака се закани дека ќе ги убие јапонскиот новинар и пилотот од Јордан, доколку во рок од 24 часа не биде ослободен ирачкиот милитант. Во видеото објавено денеска се прикажува јапонскиот заложник Кенџи Гото како држи слика од пилотот од Јордан Муат ал – Касеабе.

Гласот кој наводно е на Гото, предупредува дека Јордан го блокира ослободувањето на новинарот поради одбивањето да го ослободи Сајида ал – Ришави, кој требал да биде бомбаш самоубиец и кој е осуден на смртна казна во 2006 година. Главниот секретар на кабинетот на Јапонија, Јошихиде Суга, изјави дека јапонската влада се наоѓа во екстремно тешка ситуација и бара помош од владата во Јордан за ослободување на Гото.