Медведев: Намалениот рејтинг на Русија е политичка одлука

Рускиот премиер, Дмитриј Медведев, изјави дека одлуката на меѓународната агенција за намалување на кредитниот рејтинг на Русија на „џанк ниво“ е водена од страна на политиката. Медведев ова го изјави еден ден откако Стандард и Пурс го ставија кредитниот рејтинг на Русија под инвестицискиот степен, за прв пат по една деценија.

Промената се одразува од мрачните предвидувања за енергетски зависната економија по остриот пад на цената на нафтата и наметнувањето на западните санкции кои за Русија и нејзините компании значат ограничен пристап до глобалните пазари.

Медведев рече дека „овие рејтинзи за кои луѓето многу зборуваат очигледно се политички инструмент во неговата чиста форма.“ Руската рубља која минатата година ја загуби својата вредност скоро за половина во однос на доларот, денес беше релативно стабилна, и изнесуваше околу 67,7 за еден долар.