Скопје: Одбележување 7 децении од холокаустот

Најновите напади во Франција се доказ дека антисемитизмот не е минато иако годинава се одбележуваат седум децении од Втората светската војна и холокаустот на Евреите. Ова беше истакнато на денешната научна конференција „Дипломатијата и депортацијата на Евреите од Македонија во 1943 година“ организирана од МНР, Институтот за национална историја, Дипломатскиот клуб Скопје, Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијалниот центар на холокаустот во Македонија, а по повод 27 Јануари – Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од холокаустот.
Во текот на Втората светска војна загинаа преку 50 милиони луѓе, а уништена и една третина од еврејската популација.