Обама во посета на Саудиска Арабија

Американскиот претседател Барак Обама ја завршува тридневната посета на Индија и заминува за Саудиска Арабија на разговори со новиот саудиски крал Салман го презеде престолот по смртта на неговиот брат кралот Абдула. За време на престојот во Индија беа договорени нови трговски договори меѓу двете земји, вклучувајќи соработка во нуклеарната сфера. Претседателот Обама во Саудиска Арабија ќе биде придружуван од сенаторот Џон Мекејн и од поранешните државни секретари Кондолиза Рајс и Џејмс Бејкер.