Одбележување на ослободувањето на Аушвиц

Во поранешниот нацистички концентрационен логор Аушвиц во Полска ќе се одржи церемонија за одбележување на 70 годишнината од ослободувањето на евреите кои се уште биле живи кога пристигнала советската Црвена армија. На церемонијата се очекува да присуствуваатнеколку стотици преживеани. Германскиот канцелар Ангела Меркел вчера во Берлин изјави дека Аушвиц е предупредување за она што луѓето можат да си го направат едни на други. Таа го искористи примерот со Аушвиц да предупреди и опасноста од неодамнешните протести против муслиманите во Германија. „Не сакаме да слушаме слогани со омраза против луѓе кои најдоа дом во Германија“, рече Меркел.