ОН: во Мариупол свесно било стрелано врз цивили

Мариупол

Потсекретарот на Обединетите нации за политички прашања Џефри Фелдман изјави дека во ракетните напади во украинскиот пристаништен град Мариупол свесно било стрелано врз цивили и оти станува збор за воено злосторство. Тој на итниот состанок на Советот за безбедност додаде дека посматрачите на ОБСЕ известиле оти проектилите дошле од територијата која е под контрола на проруските бунтовници. Според Фелдман, Мариупол е стратегиски важен град кој би можело да претставува копнен коридор до полуостровот Крим што Русија го анектира во март лани. Во саботниот ракетен напад загинаа 30 луѓе, меѓу кои жени и деца.