Протести во Киргистан против карикатурите на пророкот Мухамед

Најмалку 2.500 луѓе протестираа во градот Џалал Абад во Киргистан против карикатурите на пророкот Мухамед објавени во францускиот магазин, Шарли Ебдо, велејќи дека магазинот „ги навредуваа чувствата на религиозните верници“. Митингот кој се одржа во центарот на Џалал Абад, во јужен Киргистан, беше дозволен од страна на градските власти.

Демонстрантите држеа постери на киргистански, арапски, англиски, руски и узбекистански јазик, на кои беше напишано „Го сакам пророкот Мухамед“, „Ние сме против карикатурите“, „Рацете настрана од нашиот пророк“, „Јас сум муслиман и сум против бомбардирање и тероризам“. Слични протести неодамна се одржаа во главниот град на Киргистан, Бишкек и во градот Ош во јужниот дел на земјата. Околу 90 проценти од поранешната советска република се сунитски муслимани, односно 5 и пол милиони луѓе. Исламските традиции имаат подалабоки историски корени во јужните региони на земјата, влучително градовите Џалал Абад и Ош.