Сириза ќе формира влада со партијата Независни Грци

Грчката левичарска партија Сириза по изборната победа постигна договор со пртијата Независни Грци за формирање на влада. Десничарската популистичка партија која ги дели ставовите со Сириза против мерките за штедење, сооппшти дека ќе го поддржи лидерот на Сириза, Алексис Ципрас да биде следен премиер, откако неговата партија за малку не успеа да го обезбеди потребното мнозинство за самостојно да формира влада. Ципрас вети дека повторно ќе преговара за договорите за финансиската помош на Грција, но исто така вети дека нема да преземат било каква унилатерална акција против кредиторите од другите земји во еврозоната.

За прв пат една членка на еврозоната, која е составена од 19 земји ќе биде предводена од партија која ги отфрла мерките за штедење. Сириза освои 36 отсто од гласовите со што обезбеди 149 места во парламентот од вкупно 300. Независната партија на грците освои 4 отсто, односно 13 места. Двете партии делат малку заеднички ставови, освен нивното несогласување во однос на условите под кои Грција ја доби меѓународната финансиската помош која ја спаси Грција од банкрот во 2010 година.