Милитантите на ИД бараат замена за вториот јапонски заложник

Милитантната група Исламска држава ја презеде одговорноста за егзекутирањето на јапонскиот заложник Харуна Јукава. Еден ден по објавувањето на снимката на неговата егзекуција милитантите соопштија дека тоа било направено бидејќи истече рокот до кога Јапонија требаше да плати 200 милиони долари за откуп на двајца јапонски заложници. Сега милитантите за ослободување на вториот заложник Кенџи Гото бараат ослободување на Саџида Ришваи, Ирачанка која се обидела да изврши самоубиствен напад и која сега е во затвор во Јордан.