Времето денеска: претежно облачно

Во Македонија ќе биде претежно облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта во јужните и источните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со снег. Во југоисточните делови се очекува да наврнат 15 литри на квадратен метар. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температура ќе се движи од минус еден до осум степени. Во Скопје слично време, со температура до пет степени.