Критична состојбата во долното течение на Вардар

Критична останува состојбата во долното течение на Вардар каде се заканува опасност од излевање на реката околу Демир Капија, пред клисурата, како и низводно во правец на Гевгелија, соопшти Координативното тело кое денеска имало состанок во Министерството за транспорт и врски.

- И помалите притоки на Вардар на потегот од Демир Капија до Гевгелија поради високиот водостој на Вардар и не можноста да се влијат во него би можеле да се излеат, информира Координативното тело за справување со кризи.

Екипи на сите надлежни институции се на терен и ги расчитуваат поплавените подрачја, а на критичните делови се преземаат превентивни мерки.

Координативното тело препорачува будно следење на состојбата од сите надлежни институции.