Во нападот на бунтовниците во Мариупол загинаа 30 луѓе

Бројот на жртви во вчерашниот ракетен напад на про руските бунтовници во градот Мариупол се зголеми на 30 цивили а повредени се 97 лица. Ракети паднаа врз еден преполн пазар, две училишта и станбени објекти. Претседателот на Украина Петро Порошенко го нарече нападот злосторство против човештвото и терористички чин.Мисијата на ОБСЕ во Украина посочи дека нападот е несовесен,дикриминирачки и срамен.Про рускиот лидер на бунтовниците Александар Закхраченко изјави дека офанзивата во Мариупол ја започнале сепаратистите и дека нема да има обиди да се зборува за прекин на огнот.