На протестите во Приштина повредени 23 лица

Во вчерашните протести во Приштина повредени се 23 лица, а приведени се повеќе од 20 луѓе, соопшти Косовската полиција. Протестот во кој учествуваа неколку илјади граѓани, поради ситуацијата околу комбинатот Трепча и со барања за оставка на министрите Александар Јаблановиќ и Хашим Тачи заврши околу 16 часот, но после некои од демонстрантите фрлаа камења врз зградата на Владата и околните објекти. Полицијата интервенираше со солзавец.Вечерта ситуацијата беше мирна.