Протести во Кабул:Се игнорира влијанието на ИС во Авганистан


Десетици активисти од авганистанските невладини организации одржаа протест во Кабул за да обрнат внимание на се поголемото влијание на Исламската држава во Авганистан. Демонстрантите, од кои повеќето се шиитите, се пожалија дека владата на претседателот Ашраф Гани ги игнорира активностите и развојот на групи на ИС - особено во централната провинција Газни. Демонстрантите побараа авганистанските безбедносни сили да бидат подготвени за воена акција против милитантите во Газни и други провинции. Влада на Авганистан, го негира постоењето на милитанти на ИС во Авганистан, велејќи дека милитантите кои себеси се нарекуваат членови на екстремистичката група што ја предводат сунитите се всушност талибански борци кои го смениле името, поради разликите во лидерството на авганистанските Талибанци.