Обама ке оди во Ријад да му изрази сочувство на кралот Салман

January 16, 2015.



Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Барак Обама ќе отпатува во Саудиска Арабија на 27 јануари за да се сретне со новиот монарх на земјата, кралот Салман. Обама ја скрати за еден ден посетата на Индија, која првично беше планирана да трае три дена,за да отиде во Ријад. Во меѓувреме, високи функционери и лидери од целиот свет пристигнуваат во Саудиска Арабија за да му изразат сочувство на кралот Салман, еден ден по смртта на неговиот полубрат кралот Абдула. Британскиот премиер Дејвид Камерон, принцот Чарлс, и францускиот претседател Франсоа Оланд, треба да пристигнат во Ријад денеска. Рускиот премиер Дмитри Медведев исто така планира да отиде во Саудиска Арбија но според руските медиуми датумот на посетата на Медведев не е прецизно дефиниран.