Спроти изборите во Грција:Популарна Сириза

Спроти изборите во Грција закажани за утре,анкетите покажуваат дека расте популарноста на левичарската партија Сириза,но не се предвидува нејзина апсолутна победа.Сириза која ја предводи Алексис Ципрас, над ривалската конзервативна Нова демократија на премиерот Антонис Самарас има предност од 5,2 до 6,7 проценти, што е пораст од два проценти за само една недела.Анкетите покажуваат и пораст на рејтингот на екстремно десната партија Златна зора, која може да го освои третото место.