Сиднеј:Стотици муслимани против Шарли ебдо

Стотици муслимани протестираа во австралискиот град Сиднеј поради негативното претставување во медиумите на исламот и карикатурите на пророкот Мухамед што ги објави францускиот весник Шарли ебдо. Полицијата соопшти дека 14 луѓе се отстранети од местото поради нарушување на мирот, но дека протестот поминал мирно.

Околу 800 демонстранти во муслиманската енклава Лакемба носеа транспаренти со слоганот Јас сум муслиман.
Организаторите на протестот рекоа дека нивна цел е со мирно и достоинствено собирање да се спривстават на негативното медиумско следење на исламот и да се осудат карикатурите на пророкот Мухамед.