Груевски: СОНК го променија мислењето и излегоа со нереални барања

Премиерот Никола Груевски смета дека СОНК има неодговорен и непринципиелен однос и оти поради изборите во синдикатот преку ноќ го промениле мислењето и излегле со нереални барања.

- СОНК е синдикат со кој досега имавме најдобра соработка и дискусија за проектите. До вчера кажуваа дека Владата ги надминала нивните очекувања и оти исполнува многу повеќе од тоа што очекуваат, а сега неколку месеци пред изборите во Синдикатот тие излегоа со нереални барања, рече премиерот во интервјуто во емисијата „Јади бурек“.

Тој додаде дека заради таквиот однос немаат поддршка и штрајкуваат помалку од 10 отсто од наставниците.

Ја зголемивме минималната плата која во 2006 година изнесуваше просечно 7.600 денари. Тансфериравме работен однос на 7.000 наставници во постојан работен однос, се потпиша колективен договор, ги зголемивме платите во образованието неколкукратно, се направија куп чекори кои променија многу нешта во образованието , рече премиерот.