Ден на жалост во Саудиска Арабија



Високи функционери и лидери од целиот свет пристигнуваат во Саудиска Арабија да му изразат сочувство на новиот монарх, Кралот Салман, еден ден по смртта на неговиот полубрат кралот Абдула. Владетели и лидери,од Заливот вклучувајќи го и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и пакистанскиот премиер Наваз Шариф, беа меѓу оние кои присуствуваа на погребот на Абдула. Во вечерните часови, стотици Саудијци чекаа на ред за да влезат во кралската палата, каде што тие одаваа симболичен залог на верност кон 79-годишниот крал Салман. Палестинскиот претседател Махмуд Абас и Малезискиот Премиерот Наџиб Разак пристигнаа подоцна да изразат сочувство, како и ирачкиот претседател Фуад Масум. Лидерите на не-муслимански држави треба да почнат да пристигнуваат во Ријад денеска.Меѓу нив се британскиот премиер Дејвид Камерон, принцот Чарлс, и францускиот претседател Франсоа Оланд. Американска делегација предводена од потпретседателот Џо Бајден треба да пристигне во наредните денови