Протест против Исламската држава во Авганистан

Десетици активисти од авганистанските невладини организации одржаа протест во Кабул, за да го свртат вниманието кон, како што велат, растечкото влијание на Исламската држава во Авганистан. Демонстрантите, од кои многумина шиити од авганистанското малцинство Хазара, денеска се пожалија дека владата на претседателот Ашраф Гани ги игнорира активностите и растот на Исламската држава, особено во провинцијата Газни. Тие побараа безбедносните сили да почнат воена акција против сунитските милитанти во Газни и во другите провинции. Владата, пак, го негира постоењето на милитанти на Исламската држава во Авганистан, велејќи дека тоа се всушност талибански борци кои го смениле името поради несогласувањата со раководството на авганистанските талибанци.