Столтенберг: НАТО не е надлежен за формирање на косовската армија

Формирањето на косовската армија е во надлежност на Приштина, а не на Брисел, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој престојува во посета на Косово.

„Локалните политичари треба да решат како во иднина ќе се развиваат Безбедносните сили на Косово, а не НАТО“, одговори Столтенбер, запрашан околу плановите за формирање на косовска армија, на што се противат српските власти и политичките претставници на косовските Срби.