Руските и абхаски војници под заедничка команда

Руската Државна дума ја ратификуваше спогодбата со грузиската сепаратистичка област Абхазија. Грузија смета дека договорот е ништовен и неважечки. Долниот дом на рускиот парламент со 444 гласови „за“ и еден „против“ денеска го ратификуваше контроверзниот договор кој беше потпишан од рускиот претседател Владимир Путин и де факто претседателот на Абхазија во ноември минатата година во руското одморалиште Сочи. Според договорот, руските и абхаските сили се ставаат под заедничка команда и се овозможува заедничко патролирање на границите. Грузиските власти сметаат дека договорот „нема правна сила“, оти ја комплицира меѓународната позиција на Русија и дека е чекор кон анексија на грузиска територија.

Рускиот заменик министер за надворешни работи Григори Карасин рече дека грузиските политичари треба „да се навикнат на новата политичка реалност“ во регионот.

Неколку илјади руски војници се распоредени во Абхазија, откако Москва ја призна нејзината независност по кратката руско-грузиска војна од 2008 година.