Зголемување на тензиите меѓу Ерменија и Азербејџан

Илустрација.

Ерменија и Азербејџан денеска меѓусебно се обвинуваат за новите прекршувања на прекинот на огнот на меѓусебната граница. Ерменското министерство за одбрана соопшти дека двајца нивни војници денеска биле убиени кога кон нив пукале азербејџански војници од преку границата. Се соопштува дека ерменските војници возвратиле на огнот, при што предизвикале „големи губитоци“ на спротивната страна и ги натерале азербејџанските војници да се повлечат од нивните позиции.

Азербејџанското министерство за одбрана, пак, ја обвини Ерменија за прекршување на примирјето и оти на нивна страна нема жртви.

Тензиите меѓу двете земји се големи од конфликтот меѓу двете земји во 90-тите години од минатиот век за сепаратистичката област Нагорно-Карабах во Азербејџан.