ОН: Во источна Украина загинале над пет илјади луѓе

ОН соопштија дека најмалку пет илјади луѓе загинале во конфликтот во источна Украина од април минатата година, но дека реалната бројка може да биде „значително поголема“. Во изминативе девет дена биле убиени 262 луѓе, со што тоа е „најсмртоносниот период“ откако проруските сепаратисти и украинските сили се согласија за прекин на огнот на 5 септември.