Кери: постигнат напредок против милитантите на ИД

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Исламската држава е глобален проблем, но оти бил постигнат извесен напредок во борбите против оваа екстремистичка организација. Тој ова го изјави по средбата во Лондон на коалицијата која се бори против исламистите во Ирак и Сирија. На неа учествуваа претставници од 60 земји кои од август минатата година досега против милитантите на Исламската држава имаат изведено над илјада воздушни напади.