ЕЦБ ќе купува владини обврзници од по 60 милијарди евра месечно

Шефот на Европската централна банка, Марио Драги.

Европската централна банка денеска објави план за купување обврзници што може да доведе до печатење на нови до еден билион евра. Шефот на Европската централна банка, Марио Драги соопшти дека, според планот, банката ќе купува владини обврзници во вредност од 60 милијарди евра месечно од март годинава до септември наредната година. Со печатењето на нови пари за откупување на владините долгови, треба да се намалат каматите и да се стимулира економскиот раст во еврозоната.