Порошенко - Украина ќе остане унитарна држава

Украинскиот претседател Петро Порошенко.

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека Украина ќе остане „унитарна“ држава со силна централна власт во Киев и оти нејзиното залагање за интеграција во Европа не смее да биде доведена под прашање. Тој ова го кажа во денешното телевизиско обраќање по повод новиот празник „Ден на единството“ со кој им се оддава почит на загинатите на протестите на Евромајдан во Киев кои доведоа до соборување на поранешниот претседател Виктор Јанукович. Порошенко рече дека Украина „никогаш нема да биде федеративна“ и дека „државен јазик во Украина ќе биде украинскиот“. Во исто време, тој рече дека Украина никогаш нема да им забрани на луѓето да го користат рускиот јазик или кој било друг јазик дома, на работа или во јавност.