Украина ја одбележува смртта на првите загинати на Евромајдан

Украина денеска им оддава почит на првите жртви загинати за време на протестите на Евромајдан во Киев, на првата годишнина од нивната смрт. Протестите доведоа до соборување на поранешниот претседател Виктор Јанукувич. Стотици луѓе се собраа на панихида за загинатите во градот Лвов во западна Украина по што положуваа цвеќе на гробовите на загинатите. За денеска е најавен и марш во Киев со кој треба да се одбележи „Денот на единството“.