Европа ќе печати нови еден билион евра

Европската централна банка се очекува денеска да го објави планот за купување обврзници што може да доведе до печатење на нови до еден билион евра. Одлучувачкиот 25-член борд на банката дискутира за предлогот на извршниот одбор на Европската централна банка за купување владини обврзници во вредност од 50 милијарди евра месечно, најмалку една година, а можеби и до крајот на 2016 година, почнувајќи од март годинава.