Оставка на шефот на Пегида

Луц Бахман

Лидерот на германското антиисламско движење Пегида поднесе оставка откако се појави негова фотографија на која позира како Адолф Хитлер и откако бегалците и барателите на азил ги нарече „вреќи за ѓубре“. 41 годишниот Луц Бахман, осуден провалник, се појави на насловната страница на весникот „Билд“ со мустаќи и фризура како на нацистичкиот лидер Хитлер. Соосновачот на Пегида Катрин Ортел изјави дека оставката на Бахман не била поради таа слика, туку поради тоа како ги нарекол бегалците. Синоќа во Лајпциг илјадници приврзаници на Пегида одржаа протест. Во исто време во тој град се одраа и демонстрации против ова движење.