Состанок на коалицијата против милитантите на ИД

Шефовите на дипломатиите на земјите кои се дел од коалицијата предводена од Соединетите држави против милитантите на Исламската држава денеска ќе се состанат во Лондон. Тоа ќе биде прв нивен состанок по терористичките напади во Париз во кои загинаа 17 луѓе. „Терористите сакаат да на разделат, но токму нивните акции имаат обратен ефект, тие не зближуваат“, изјави американскиот државен секретар Џон Кери. Европол проценува дека околу 5 илјади граѓани на Европската унија им се придружиле на милитантите на Исламската држава во борбите во Сирија и Ирак.